Артефакти и фотографии пронајдени во Боров Дол, се дел од изложбата „Боров Дол 2011-2018 година“
Преку илјада артефакти во уметничката галерија „Безистен“ во Штип се изложени, а се пронајдени на трите археолошки локалитети што беа истражувани од 500 археолози и работници на местото каде што за една година треба да се отвори новиот рудник Боров Дол.
Овие артефакти се изложени во рамките на изложбата „Боров Дол 2011-2018 година“. Директорот на Завод и Музеј на Штип, Штерјов, истакна дека при истражувањето се откриени и нови локалитети познати само од археолошката карта, а со истражувањата дошле до заклучок дека истражените локалитети претставувале рударски населби.
„Едната е од праисторија, од раното бронзено време и железното време, па до средниот век. Покрај тоа откриена е и една некропола која датира од доцната антика и на крајот сите овие археолошки резултати се претставени во една изложба“, објасни Штерјов.
Со овие истражувања се покажува дека рударството на овие простори биле присутни пред 5-6 илијади години.
Истражувањата на Боров Дол беа извршени за потребите на новото рудно тело, каде што „Бучим“ за извршената работа на Штипскиот музеј му плати 360.000 евра.
.