ДЕФИЛЕ НИЗ ЦЕНТРАЛНИТЕ ГРАДСКИ УЛИЦИ ВО РАДОВИШ ПОД МОТОТО „ДЕФИЛИРАЈ, НЕ СЕ ФОЛИРАЈ”

Под мотото ”Дефилирај, не се фолирај” пеесетина ученици од ЦКА-ПХВ Циклусот за 2019 год и Волонтери од Клуб на млади и Клуб 11 на ООЦК Радовиш заедно со Децата од дневниот центар „Порака“ денеска дефилираа низ централните градски улици во Радовиш.

Дефилето започна од Црвен крст на Република Македонија -Општинска организација Радовиш низ плоштадот св.Спасо Радовишки, улица 22ри Октомври до Дневниот центар „Порака“ и назад а преку него учесниците испратија пораки за мир, соживот, толеранција и почитување на различностите.

Секоја година во рамките на програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) се одбележува недела на Промоција на хумани вредности, од 21 до 27 септември. Оваа година организираме ПХВ дефиле на 25 септември, во секој град низ државата.
Сите заедно, моќно да пратиме порака за вклучување, соживот, толеранција и мир..

 

 






 

 




 

 





 



 

Related Articles

Временска прогноза