АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „АКТИВНИ ЖЕНИ – ПОДОБРИ ОПШТИНИ“

Активистките на Женска акција Радовиш спроведоа улична акција во рамките на проектот „Активни жени – подобри општини“ чија цел е унапредување на родовите прашања во буџетското планирање на локално ниво.

Проектот е суб-грантиран во рамките на проектот “Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ имплементиран од страна на Фондацијата Kvinna till Kvinna и Организација на жените на општина Свети Николе, а финансиран од страна на Делегација на Европската унија.

Целта на акцијата беше идентификување на проблемите со кои се соочуваат жените во општина Радовиш и давање на предлози како и за што да се потрошат општинските пари во 2020 година.




 






 



 





 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза