ЗАМЕНИК НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ НА РАДОВИШ

Вчера во Радовиш во периодот од 10 до 14 часот граѓаните од општина Радовиш имаа можност за средба со Заменик народен правобранител Славчо Тимов од канцеларијата во Струмица.

На оваа средба граѓаните имаа можност да ги искажат и разговараат за своите проблеми со Заменик народениот правобранител Тимов за теми од негова надлежност. 

Од канцеларијата на Заменик народниот правобранител беше истакнато дека имало голем број на граѓаните кои дојдоа на оваа средба, и најавија повторно организрање на вакви средби со граѓаните на општина Радовиш.

 

 

 


About the author /


Related Articles

Временска прогноза