„ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС“- неделата на борба против гладта „16-22 октомври“

Црвениот крст Македонија по повод Неделата на борба против гладта организира кампања под мотото „Помислете и на нас“.

Со кампањата, како и со многу други хуманитарни активности, Црвениот крст дава придонес во севкупните напори кои се преземаат во државата за намалување на сиромаштијата и социјалната исклучениот на граѓаните, како една од главните цели на стратегијата, документ кој ја отсликува интенцијата на Македонија за изедначување на степенот на вклученост и добросостојба низ сите слоеви од општеството.

Во рамките на кампањата се организираат хуманитарни акции за обезбедување донации во парични средства и храна во соработка со стопанските комори во Македонија, во соработка и поддршка на компании, со образовно – воспитните институции, здруженијата на граѓани, и граѓани.

Овие активности ќе се имплементираат во текот на Неделата од 16 до 22 октомври 2019 година преку општинските организации на Црвен крст и Црвениот крст на град Скопје.

Донираните средства од хуманитарните акции ќе бидат наменети за обезбедување на храна за помош на ранливи целни групи на население во заедниците во земјата.

 


Related Articles

Временска прогноза