Асфалтирање на регионалниот пат Радовиш-Струмица се одвива деновиве, а трасата е од клучката Радовиш до клучката Воиславци со должина од 4,5 километри.
Се поставува нов асфалтен слој со дебелина од 11 cm. Во склоп на санацијата се отстрани дел од асфалтниот слој и се корегира равноста на патот.
Следната недела се очекува патот да биде пуштен во употреба.