На автопатот Скопје-Велес вчера изутрина околу три часот полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграција во патничко моторно возило „крајслер“ пронашле 12 мигранти, на возраст од 23 до 48 години, од кои 11 од Бангладеш и еден од Пакистан.
Како што соопшти МВР од страна на полицијата бил запрен „крајслер“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 25 годишно лице во кое сопатник бил малолетник, и двајцата од Радовиш.
При преглед на возилото биле пронајдени 12.те мигранти, по што возачот и сопатникот биле приведени во Полициска станица Велес, а известен е и јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот, против приведените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.