ТРИ ВОЗИЛА ВО ВЕРИЖЕН СУДИР НА ПАТОТ РАДОВИШ – ШТИП, ЕДНО ЛИЦЕ ПОВРЕДЕНО

Едно лице се здобило со повреди во сообраќајна несреќа во која учествувале три возила.

Несреќата, информираат од МВР, се случила кај населбата Дамјан на патот Радовиш-Штип, во 13:30 часот.

-Во истата учествувале „форд фиеста“, со штипски регистарски ознаки, управувано од лице од Ињево,  „опел астра“, со струмички регистарски ознаки, управуваноод лице од Струмица, и „опел вектра“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од лице од .Воиславци, информират од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на „опел астра“и бил пренесен во Клинички центар Штип.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.

 

 




 





 



 



 





 

Related Articles

Временска прогноза