Прв OffRoad настап, и второ место за „UAZ HUNTER“ од трката за теренски возила во Берово

Официјалниот застапник за возилата од Руската марка UAZ за Македонија,  учествуваше со возилото „UAZ Hunter“ на трката со теренски возила која викендот се реализираше на кружната натпреварувачка патека ,,Мазно” во Берово. 

Нашиот претставник како дел од Оф-Роад клубот ,,Голак” од Делчево, одлично се претстави на првиот ОffRoad настап и го освои одличното второ место.

На оваа трка се натпреваруваа учесници во 8 брзински категории на земјена кружна патека во должина од 2100 метри, со теренски возила со зафатнина од 1700 до над 3000 кубика, како и теренски возила и мотоцикли без ограничување и разлика на запремнината и типот на моторот.

Околу педесет натпреварувачи од повеќе градови во Македонија имаа по три возења по патеката, а за конечен пласман одлучуваше резултатот од најдобро извозениот круг на патеката.

Меѓу поистакните беше и моделот UAZ Hunter со легендарниот ретро изглед. Теренско возило произведено 2018 година, кое иако доживеа јак удар, неговата цврстина се докажа со тоа што оштетен беше само предниот браник.

https://www.facebook.com/uazmkd/videos/2686925398013734/

 

 www.uaz.mk

About the author /


Related Articles

Временска прогноза