Црвен крст на Република Македонија -Општинска организација Радовиш и оваа година традиционално ја одбележа “Неделата на борба против гладта“ за таа цел беа организирани повеќе активности.
Имаше поставено штанд на плоштадот св.Спасо Радовишки каде се волонтери од Клуб на млади продаваа вредносни бонови по повод Неделата на борба против гладта, втората активност беше собирна акција на ниво на Општинските училишта се организираше со тоа што ученици донираа храна собрана во училишните простории и притоа волонтери од клубот заедно со стручната служба ги собираа и ги попишаа во просториите на ООЦК.
Имено беа опфатени основните училишта: „Крсте П Мисирков“, и „Никола Карев“ од општина Радовиш. Откако е направена спецификација на собраните продукти, младинците во работната сала ќе ги оформат пакетите со храна правејќи ги еднакви со број и разновидност на хранливи продукти со оглед на бројноста на индивидуалните видови на храна.
Во текот на неделата пакетите ќе бидат доделени на оние на кои им е најпотребно по листа на лица приматели на СПП добиена од Центарот за Социјални работи од Радовиш.