ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ НА СПОМЕНИКОТ „22 ОКТОМВРИ“

По повод 22 октомври денот кога беше запален градот Радовиш од страна на фашистичкиот окупатор во 1944 година денес беше одадена почит на Споменикот на загинатите жртви и беше положено свежо цвеќе.

Германскиот окупатор поради неуспесите и загубите кој ги трпеше на сите фронтови каде војуваше, на 22 октомври 1944 година го истури својот бес врз мирното население на Радовиш, запалувајки го градот Радовиш. Во тој пожар изгореа 143 куќи, 30 дуќана, монополот со еден милион килограми тутун, расадничките згради, основното училиште и други објекти.

Градот Радовиш е ослободен на 6-ти Ноември 1944 година.

 




 





 



 



 





Related Articles

Временска прогноза