Четири лица од Радовиш се осомничени за нелегална сеча на дрва на Плачковица.
Според информациите на полицијата, четирите лица сите од Радовиш, на 14 септември на планината Плачковица, на местото викано Кадико, незаконски, без одобрение исекле дрва, со што нанеле штета од 117.000 денари.
Против нив е поднесена кривична пријава за пустошење шума – известуваат од МВР.