Во текот на изминатите денови, на патниот правец Радовиш-Штип поради изградбата на новиот магистрален пат, има мал застој кај Пилаф тепе.
Овој застој е поради работа на механизацијата и пробивање на патот, но е регулирана од страна на изведувачот на градежните работи
Од изведувачот Страбаг АГ известуваат дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш.
Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.