Здружението на граѓани Женска Акција Радовиш во рамките на проектот „Активни жени подобри општини“
одржа работилница за претставници на Комисиите за еднакви можности на жените и мажите кои се дел од советите на општините Радовиш и Конче, како и координаторите на комисиите како дел од општинската администрација.
Проектот е суб-грантиран во рамките на проектот “Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ имплементиран од страна на ФондацијатаKvinna till Kvinna и Организација на жените на општина Свети Николе, а финансиран од страна на Делегација на Европската унија. Сензибилизирањето за родовите прашања и поттикнување на работата на комисиите за родова еднаквост се појдовна основа за понатамошни акции во оваа сфера.
Активностите на работилницата и следните работилници се насочени кон интегрирањето на прашањето на родовата еднаквост во политиките и плановите за развој на локалните заедници.