Бензините од ноќеска на полноќ поскапеа за половина денар, додека цената на дизелот остана иста, информираше Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68 денари за литар, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 70 денари за литар.
Цената на дизелот остана 62 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар на 51 денар за литар.
Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,004 денари на 33,344 денари за килограм.