ПОЕТСКИ ПОРТРЕТИ СО ПРОМОЦИЈА НА ДВЕ НОВИ КНИГИ
Во склоп на програмата на овогодишните „Карамановипоетскисредби“ денес во ОНБ “Браќа Миладиновци“ во Радовиш беа одржани две промоции на книги.
Поетски портрет и промоцијата на најновата поетска книга „Бакнежот на судбината„ од еминентниот македонски поет Раде Силјан, каде што во рамките на оваа промоција, за поетскиот опус на Раде Силјан зборуваа Паскал Гилевски и Љубинка Донева.
Исто така беше претставен поетскиот портрет на поетот Валерио Орлиќ добитник на Балканската награда за поезија Ацо Караманов, а за наградената поетска книга „Обележувам ѕвезди„ зборуваше Борче Панов.
БАЛКАНСКАТА НАГРАДА ЗА ПОЕЗИЈА ЗА ПОЕТОТ ОД ХРВАТСКА, ВАЛЕРИО ОРЛИЌ, И ЗА ДАНИЕЛА АНДОНОВСКА-ТРАЈКОВСКА, НАЈДОБРА ПОЕТСКА КНИГА ОД МАКЕДОНСКИ АВТОР
„Карамановите поетски средби“продолжија и вечерва со Поетските меридијани кои се одржаа во Центарот за култура „Ацо Караманов“.
Оваа вечер настап имаа поетите учесници на 46 карамановите поетски средби, а исто така беше доделувањето на Балканската награда за поезија „Ацо Караманов„ на поетот од Хрватска – Валерио Орлиќ, и доделувањето на наградата „Караманов„ за најдобра поетска книга од македонски автор на Даниела Андоновска-Трајковска.
Средбите продолжуваат и утре.