И денес имаше богата програма од „Карамановите поетски средби“ кои се одржија изминатите денови.
Најпрвин во ОУБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш се одржа Омаж за големиот македонски поет Матеја Матевски и промоција на книгата „Дождови“. За книгата зборуваше авторот на изборот и поговорот за оваа книга – Раде Силјан, исто така свое излагање за поетот Матеја Матевски имаше и гостинот познатиот шпански и светски поет – Хусто Хорхе Падрон.
Потоа беше одржана и промоцијата на наградената книга од македонски автор која годинава ја доби Даниела Андоновска-Трајковска за книгата „Електронска крв„.
Вечерта беа одржани поетски меридијани за најмладите – средба на поетите од Шпанија, Полска, Турција, Монголија, Хрватска, Србија и Црна Гора со младите поети од Радовиш.