Манифестацијата „Карамановите средби“ оваа година се организираат во знакот на големиот јубилеј „1000 години Радовиш.“ а ќе се одржат во деновите 22-24 ноември во Радовиш.
Добитник на главаната награда е големиот европски и светски поет Хусто Хорхе Падрон кој ќе биде претставен од страна на познатата македонска писателка и критичар – проф. Д-р Кристина Николовска.
Во склоп на програмата ќе бидат доделени три награди:
- Европска награда награда за поезија „Ацо Караманов„ која годинава му се доделува на големиот шпански и светски поет Хусто Хорхе Падрон
- Балканска награда за поезија „Ацо Караманов„ која ја добива хрватскиот поет Валерио Орлиќ за поетската книга „Обележувам ѕвезди„ и
- Наградата „Караманов„ за најдобра книга од македонски автор која годинава ја добива Даниела Андоновска Трајковска за книгата „Електронска крв„.
ПРОГРАМА
22 ноември – петок – Центар за култура Ацо Караманов
18, 00 ч. Изложба на академскиот сликар Ниче Василев
изложбата ќе ја отвори писателот Борче Панов
18, 15 час. Пслам за м-лле Лили и кореографијата „Перон„
со балетско студио Газели – кореограф Изабела Ангелова
18,30 ч. Свечено отворање на 46 Караманови поетски средби –
градоначалник – Герасим Конзулов
18,45 ч. Беседа за Ацо Караманов – Стојан Тарапуза
19, 00 ч. Книжевен потрет на познатиот шпански и светски поет – Хусто Хорхе Падрон
20, 00 ч. Праизведба на кантатата „Радовидение„ по повод „1000 години Радовиш„ , музика: Стојан Стојков, стихови : Борче Панов
23 ноември – сабота – ОНБ Браќа Миладиновци – Радовиш
11,00 ч. Поетски портрет на еминентниот македонски поет Раде Силјан.
За поетскиот опус на Раде Силјан ќе зборуваат Паскал Гилевски и Љубинка Донева;
11, 30 ч. Поетски портрет на поетот Валерио Орлиќ добитник на Балканската награда за поезија Ацо Караманов .За наградената поетска книга „Обележувам ѕвезди„ ќе зборува писателот Борче Панов;
18, 00 ч. Центар за култура Ацо Караманов – Радовиш
Поетски меридијани – настап на поетите учесници на 46 караманови поетски средби; Доделување на Балканската награда за поезија „Ацо Караманов„ на поетот од Хрватска – Валерио Орлиќ;Доделување на наградата „Караманов„ за најдобра поетска книга од македонски автор.
24 ноември – недела – ОНБ Ацо Караманов Радовиш
11,00 ч. Омаж за големиот македонски поет Матеја Матевски; промоција на книгата „Дождови – 90 песни„.За книгата ќе зборува авторот на изборот и поговорот за оваа книга – Раде Силјан.
17, 30 ч. ОНБ Браќа Миладиновци Радовиш
Поетски меридијани за најмладите – средба на поетите од Шпанија, Полска, Турција, Монголија, Хрватска, Србија и Црна Гора со младите поети од Радовиш.