ПОСКАПЕА БЕНЗИНИТЕ, ДИЗЕЛОТ ПОЕФТИН

Бензините од полноќ поскапеа за половина и за еден денар, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поевтинија за половина денар.

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени..

Литар еуросупер БС-95 ќе се продава за 67,5 денари, а оној од 98-октани поскапува за денар и ќе се продава за 70.

Новата цена на дизелот изнесува 61,5 денари за литар, а на есктра лесното 50 денари.

Мазутот поскапува за 0,302 денари за килограм.. Во просек, малопродажните цени се зголемуваат за 0,26 проценти, како резултат на поскапувањето на суровата нафта на светските берзи и повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

 




 





 



 



 





 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза