ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ПОДГОТВИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ ЗА ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА ОПШТИНИТЕ ИПА 2020“

Одржана работилница во општина Радовиш во рамките на Проектот кој е финансиран од ЕУ „Подготвителни активности за Програма за поддршка на општините ИПА 2020“ (Prep4MSP) што започна на 26.08.2019 година во тесна соработка со Делегацијата на ЕУ во нашата земја.

Шемата за грантови „ЕУ за општините“ се очекува да го објави првиот повик во летото 2020 година. Сите 81 општини во Македонија ги исполнуваат условите и можат да соработуваат за подготовка и имплементација на иновативни идеи за проекти со локалните невладини организации и партнери од деловниот сектор.

Помеѓу 5 и 15 проекти со просечна големина од 500.000 € ќе бидат избрани по пат на конкуренција. Целта на работилницата е со заедничка соработка да направиме нешто за нашиот град.

Присутните претставници од наведените сектори заедно со тим лидерот на проектот Клаус Рихтер и експертот Бардуљ Марку ги предложија и развија дискусија за можните идеи за реализација на проекти.

 

ФОТО ГАЛЕРИЈА 




 





 



 



 





 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза