РК Радовиш ја забележа својата шеста победа во овој есенски дел на првенството во Супер ракометната лига.
Во Струга беше совладана домашната екипа на РК Струга, со што остануваат реалните шанси за освојување на четвртата позиција на табелата и пласман во Плеј-оф завршницата напролет, во сабота нашите ракометари во Радовиш ќе го одиграт својот завршен натпревар пред својата публика против екипата на РК Охрид, после овој натпреавр нашите ракометари исто така ке гостуваат во Скопје кај РК Металург 2 во последниот натпревар пред паузата.
Натпреварот се одигра во СЦ „Тими“ во Струга вчера со почеток од 17:30 часот,
на почетокот домаќините имаа водство со 3-1, но нашите ракометари ја презедоа иницијативата и со серија од 6-0 го презедоа водството кое го имаа до завршувањето на натпреварот.
Полувремето заврши 9-14, и до крајот немаше некое изненадување од домашните ракометари со што нашата екипа мирно влезе во завршницата реализирајки ја оваа значајна победа
РК СТРУГА – РК РАДОВИШ 23-29 (9-14)