Ракометарите на РК Радовиш се враќаат победнички од Битола, на гости го совладаа за прв пат големиот Пелистер.
Убедлив триумф на нашите ракометари со чекор до Плеј-оф завршницата, вечерва покажаа дека играт со срце за Радовиш.
РК Пелистер имаше почетно водство на почетокот, минимално (6-4), потоа РК Радовиш поведе (9-10), за да резултатот на полувреме биде 13-14 за нашите ракометари.
Кон средината на второто полувреме беше изедначено (17-17), потоа домаќините поведоа (19-17), пак РК Радовиш доминираше (21-22) и една мала серија на РК Радовиш за важната победа во Битола (22-24).
Ивица Илиев постигна девет гола, Долдуров четири, кај домаќините Талевски пет, Петровски четири погодоци.
РК ПЕЛИСТЕР – РК РАДОВИШ 22:24 (13:14)
Сала: Боро Чурлевски во Битола. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.
ПЕЛИСТЕР: Трајковски 3, Блажевски 1, Петровски 4, Димитровски 2, Митревски, Мандиќ 1, Ивановски, Димитровски 1, Апостоловски, Петовски, Ристевски, Димитров 2, Талевски 5, Илиев, Буторац 3, Вардовски.
Седмерци: 3/6. Исклучувања: 2 мин.
РАДОВИШ: Паунов 1, Стојановски, Јованов, Ѓорѓиевски 1, Долдуров 4, Ѓорѓиев 2, Постолов, Фенов, Б.Ѓорѓиев, Органџиев 1, Николов 3, Ристов, Тушев, Илиев 9, Трајанов, Везенковски 3.
Седмерци: 2/2. Исклучвања: 14 мин