ФК ПЛАЧКОВИЦА СО БОД ПРОТИВ ФАВОРИЗИРАНАТА ЕКИПА НА ФК ТИКВЕШ
ФК Плачковица денес на градскиот стадион во Радовиш го одигра натпреварот против фаворизираната екипа на ФК Тиквеш кој е претендент за висок пласман на табелата и влез во првата фудбалска лига.
Но сепак денес на градски не беше толку сјајно за гостите од Кавадарци, тие од единствената шанса која ја имаа постигнаа гол уште во првото полувреме, но да напоменеме дека во текот на целиот натпревар играа на сила „грубо“, а тоа е доказ и црвените картони кои им ги додели судијата.
Нашите момци го дадоа максимумот на овој натпревар, можат да жалат за големиот број неискористени-нереализирани шанси кои можеа да доведат до големо водство на нашата Плачковица и висок пораз на кавадарчани.
Одлична игра во текот на натпреварот прикажаа буквално сите фудбалери, од прекинот-корнер Николов центрираше еден прекрасен удар на кој реализираше Петров во 66 минута со глава.
Овој натпревар ќе биде запаметен што гостите, фубалерите и навивачите после двата последователни порази дојдоа во Радовиш на сила да ги добијат бодовите, на теренот беа казнети од судиите, но на трибините од полицијата, тие направија еден инцидент со домашната мирна публика на кој мораше да интервенира полицијата. Да веруваме дека материјалот ке го разгледаат надлежните и ќе превземат санкции против вакво хулиганско однесување, провоцирање и пцување во текот на целиот натпревар.
Резултати:
ПЛАЧКОВИЦА – ТИКВЕШ 1:1
БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА 1:0
ОСОГОВО – БРЕГАЛНИЦА 1:2
КОЖУФ – КИТ ГО 0:2
ПИТУ ГУЛИ – САСА 0:2
Табела
- БЕЛАСИЦА 25
- БРЕГАЛНИЦА 24
- КОЖУФ 23
- КИТ ГО 21
- ТИКВЕШ 21
- САСА 16
- ПЛАЧКОВИЦА 11
- ПОБЕДА 7
- ОСОГОВО 6
- ПИТУ ГУЛИ 3