ЈАПОНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА – Предлози за третман на милта за нејзина употреба како ѓубриво за земјоделските површини

Јапонска делегација од префектурата Шига со претставници од директоратите за животна средина во Сабота на 02 Ноември 2019 година беа во посета на општина Радовиш и ЈП”Плаваја”.

Интересот на јапонската делегација беше фокусиран на работата на пречистителната станица за отпадни води, вградената технологија, квалитетот на пречистената вода и милта.
При посетата на лице место од стручните лица на ЈП”Плаваја”, беа побарани мислења и предлози од јапонските претставници за подобрување на перформансите на пречистителната станица и можности за доградба со постројка за третман на милта за нејзина употреба како ѓубриво за земјоделските површини.

Воспоставени се темели на една искрена и стручна основа и очекуваме дека во иднина ќе имаме и конкретни резултати од оваа посета на високата јапонска делегација на нашата општина.

Информираат од ЈП Плаваја




 





 



 



 





 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза