ЗАВРШИЈА ТРЕТОЛИГАШИТЕ, ДВА ДЕРБИ НАТПРЕВАРИ НА НАШИТЕ КЛУБОВИ

Денес беше одиграно последното коло од есенскиот дел на првенството во Третата фудбалска лига (Југо-исток) нашите третолигаши денес ги одиграа двата дерби натпревари во оваа натпреварување.

ФК Детонит гостуваше во Василево кај истоимената екипа ФК Василево, и покрај водството од 2-0 на полувреме за нашиот клуб, сепак не успеаа и освоија само бод.

 

ФК Раклиш на Градскиот стадион во Радовиш го одигра дерби натпреварот против минатогодишниот шампион во оваа лига ФК Дојранско езеро од Дојран.

Раклишани покажаа дека нема што да бараат гостите во овој натпревар, на полувреме заминаа со 3-0 водство, на почетокот на воторот полувреме Минур Асанов постигна уште еден гол за резултат 4-0, набргу беше суден пенал за гостите со што намалија на 4-1, и после неколку минути постигнаа уште еден погодок, резултатот го затвори Баже Гегов во 81 минута постигнувајки гол за конечни 5-2 за ФК Раклиш.

ФК РАКЛИШ – ФК ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО 5-2 (3-0)

 




 


 


 



 

 

Related Articles

Временска прогноза