ОБУКA ОД ТРЕТИОТ ЦИКЛУС НА ОБУКИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ-КАНДИДАТИ ЗА ГРАНТОВИ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА СОВРЕМЕНИ АГРОЕКОЛОШКИ МЕРКИ

Денес во Радовиш, во Ресторан Д-Клуб се одржува Обукa од третиот циклус на обуки за земјоделците-кандидати за грантови за воведување на современи агроеколошки мерки.

На 14 октомври 2019 година во Радовиш и Струмица започна третиот циклус на обуки за земјоделците – кандидати за грантови за воведување на современи агроеколошки мерки во рамките на проектот за управување со сливот на река Струмица. Проектот го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, општините од сливот и други релевантни институции, а е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

За учество на обуките избрани се околу 80 земјоделски производители, градинари и овоштари кои ќе следат специјализирани обуки за земјоделско производство, а од нив, ќе бидат избрани 50 грантисти и тоа 20 за овоштарство и 30 за градинарство.

Грантистите ќе бидат избрани преку спроведување на тест на знаење и оние со најмногу бодови ќе бидат добитници на грант во опрема и материјали потребни за примена на предвидените агроеколошки мерки во висина од 300.000 денари.

Обуките се организира во периодот октомври – ноември 2019 година, додека тестирањето ќе биде организирано во текот на месец декември 2019 година.

Спроведувањето на активностите за воведување на современи, агроеколошките мерки има за цел зголемување на конкурентноста на земјоделското производство во регионот и намалување на неговото влијание врз животната средина.

Related Articles

Временска прогноза