„СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА“ – 18-24 ноември, недела за грижа и помош на старите лица

Современиот свет е во процес на демографска транзиција, не само во поглед на забавување на порастот на населението, туку и неговата структура е во фаза на менување поради намалување на учеството на младите и зголемување на старите лица. Како и во другите земји и во Македонија бројот на старото население расте, а се очекува тој тренд во иднина уште повеќе да се зголеми.

Со цел да се потенцира значењето за потребата од зголемена интеграција на старите лица, Црвениот крст на Македонија од 18 до 24 ноември со соодветни активности ја одбележува Недела на грижа на старите лица, под мотото „Сите сме нивни деца“.

Во текот на неделата преку општинските организации на Црвениот крст ќе се организираат активности, јавни настани со претставници на владини институции, граѓанскиот сектор за поттикнување на активности за активно и здраво стареење и развој на вон институционални форми за заштита на старите лица, посети на стари и изнемоштени лица во нивни домови, ангажирање на здравствени работници, едукативни работилници и др.

Целта на одбележувањето на неделата е да се подигне јавната свест за потребата од зголемена интеграција на старите лица во сите сфери на општествениот живот, како и потребата за обезбедување на грижа и помош на старите лица.

 




 


 


 

 


 



 




 

Related Articles

Временска прогноза