30 ТЕНИСЕРИ НА ТЕНИСКИОТ ТУРНИР ПО ПОВОД „6-ТИ НОЕМВРИ“

Овој викенд на тениските терени во Радовиш се одржа турнир во тенис во организација на ТК „АС“ од Радовиш.

Турнирот беше одржан во склоп на одбележувањето на 6-ти ноември-денот на ослободувањето на Радовиш. Натпреварите се одиграа во три возрасни категории, а на истите настапија 30 дечиња од нашиот град.

Во најмалата возрасна категорија првото место го освои Марија Јованова, во средната категорија Јован Митев, додека кај највозрасните, најдобар и најсреќен беше Никола Сараманодов.

Честитки за организацијата на овој прекрасен турнир и дечињата кои зедоа учество по повод Јубилејот „75 години слободен Радовиш“.

 




 





 



 



 





 

Related Articles

Временска прогноза