ВОЗБУДЛИВИ НАТПРЕВАРИ И ОДЛИЧНА ОРГАНИЗАЦИЈА-Заврши шестоноемврискиот турнир во мал фудбал

Преку 2500 љубители на спортот беа присутни во спортската сала, уште толку го следеа во живо преку Live Streaming финалето од шестоноемврискиот турнир во мал фудбал.

Во организација на ФК „Бунарџик“, граѓаните на општина Радовиш во спортската сала СРЦ 25 Мај, имаа можност да уживаат во уметноста на малиот фудбал во изминатите три недели.

Оваа година на традиционалниот шестоноемвриски турнир во мал фудбал „Радовиш 2019“ учествуваа вкупно 19 екипи од целата република. Тие најпрво беа поделени во 4 групи играјќи во систем секој со секој, а најдобрите од нив продолжија во елиминационите натпревари.

Во преполната спортска сала вчера, во прекрасна спортска атмосфера се одиграа финалните натпревари на кои беа постигнати следните резултати:

Натпревар за третото место :

Милакс Инг. – Гостилница кај Џек 4:2

Финале :

АЗ Транспорт – Серта 0:5

Првото место на овогодишниот турнир го освои екипата на „Серта“, добивајќи парична награда од 180,000 денари, второ место освои АЗ Транспорт добивајќи парична награда од 90,000 денари. По доделувањето на пехарите беа прогласени и најдобри поединци на турнирот, односно најдобар стрелец, најдобар играч и најдобар голман на турнирот.

Организаторот се потруди и обезбеди Live Streaming за сите што неможеа да бидат присутни да ги проследат полуфиналните и финалните натпревари преку Live Streaming во саботата и неделата, каде што можеа да ги проследат возбудливите натпревари кои се одржуваа во спортската сала.

Пехарите и вредносните ваучери на најуспешните екипи ги доделија Градоначалникот Конзулов, членовите на Советот Ристе Спасов и Јован Лукаров и заменик ген.директор на Бучим – Николајчо Николов.

Турнирот беше под покровителство на општина Радовиш




 


 


 

 


 



 




 

Related Articles

Временска прогноза