Како дел од програмата за одбележувањето на 6-ти ноември и јубилејот – 75 години од ослободувањето на Радовиш, вчера во спортска сала „25 Мај“, беше одржан училишен шестоноемвриски турнир во мал фудбал помеѓу основните општински училишта во Радовиш.
Првото место го освои екипата на ООУ „Крсте П.Мисирков“ победувајќи ја во финалето екипата на ООУ „Никола Карев“ со 2:0, а третото место го освои екипата на ООУ „Коста Рацин“ од Подареш.