35 РАБОТНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ- Изгласан вториот ребаланс на буџетот

Седницата започна во 15.00 часот, со неа претседаваше Претседателот на Советот Коле Чаракчиев, а се работеше со дневен ред од 36 точки.

На оваа седница од предложениот дневен ред беа прифатени 25 точки, додека 10 точки одложени за наредните седници.

Поради немањето мнозинство за донесување на одлуките од страна на позицијата постоеше опасност од недонесување на некои одлуки битни за граѓаните на општина Радовиш.

Опозиционата советничка група со двајцата членови од независната листа се приклучија кон нивно донесување, со што беше изгласан вториот ребаланс на буџетот, програмата за јавните потреби за спортските клубови, одобрени средства за спортските клубови и средства за организирање на традиционалниот шестоноемвриски турнир во мал фудбал.

Со исцрпување на дневниот ред во 20.30 часот заврши седницата на Советот на општина Радовиш.

 




 





 



 



 





 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза