Борачкиот клуб Бучим од Радовиш и оваа година ќе го организира традиционалниот турнир во борење за кадети, пионери, деца и девојки.
На овој меѓународен турнир во слободен стил се очекува да земат учество деца од Македонија и странство.
Турнирот е закажан за 14 декември (сабота) во Спортската сала во Радовиш.