Тешки телесни повреди откако со автомобилот удрил во три паркирани автомобили.
Утрово во 01:25 часот на крстосница од бул. „Александар Македонски“ и ул.„22-Октомври“ во Радовиш патничко моторно возило „лада самара“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од 41-годишно лице од Радовиш, удрило во паркирани патнички моторни возила „фолксваген туарег“, „фолксваген голф“ и „фолксваген голф“, сите со радовишки регистарски ознаки.
По незгодата лицето бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш – информира МВР.