Денес четврток 26.12.2019 год, од 17.30 часот младите, вредни и талентирани актери од ООУ „Крсте П.Мисирков“,во рамките на предновогодишните активности на Училиштето и на Центарот за култура „Ацо Караманов“,ќе ја одиграат претставата „Девојчето и дванаесетте месеци“.
Во оваа безвременска македонска бајка наспроти алчноста, користољубието и злобата стои добрината, чесноста и убавиот збор кон секого.
Ви неа учествуваат: Мартина,Тамара, Ѓорѓи, Ана Марија,Стефан, Димитар,Евгенија,Васил, Адријан, Лазе, Воислав, Христијан, Божидар, Златко, Константин, Ѓорѓи и Александра.
Адаптација и режија: Верица Спасова Исаиловска и Томе Постолов. Избор на музика,тон и тонски ефекти,како и светло: Магдалена Коцева.
Пред изведбата на претставата со неколку музички инструментални точки ќе настапат и неколку музички таленти под менторство на Анита Ципушева,како и настап на ученици со неколку нумери на англиски јазик,а под водство на Билјана Иванова.