ЗАВРШЕН НАСТАН ОД ПРОЕКТОТ „АКТИВНИ ЖЕНИ ПОДОБРИ ОПШТИНИ“

На 25 декември 2019 година во просториите на библиотеката „Браќа Миладиновци“ Радовиш се одржа завршниот настан со кој се финализираа активностите од проектот „Активни жени подобри општини“ кој го реализираше Здружението „Женска акција“ Радовиш од 1 април 2019 година до 31 декември 2019 година.

На завршниот настан беа презентирани Оперативните планови за родова еднаквост за 2020 на Општините Радовиш и Конче.

Говорнички беа Славица Постолова Координатор на КЕМ при Општина Радовиш и Тинка Ангелова, Координатор на КЕМ при Општина Конче. Од страна на координаторката на проектот Слаѓана Начевски беа презентирани активностите реализирани во рамките на проектот од кои како позначајни беа издвоени:

• Фокус група со КЕМЖМ, КЕМ и вработени во општинската администрација од општините Радовиш и Конче кои ги идентификуваа проблемите со кои се соочуваат во работата со примената на родовиот концепт. Во фокус групата учествуваа 15 претставници од двете општини.
• Фокус група со ЗГ на од двете општини со која беа опфатени 12 учеснички.
• Улична акција која имаше за цел идентификација на проблемите и потребите на жените во заедницата, кои ќе бидат основа за избор на заеднички приоритети на жените кои се во директна надлежност на општините и ќе влезат во програмите на КЕМЖМ за 2020 година.

Со уличната акција беа опфатени околу 130 жени од општините Радовиш и Конче
• Обука за претставнички од женските граѓански организации која имаше за цел да ги зајакне капацитетите НВО за следење на програмите и буџетот на општината за 2020 година.
• Обука за комисиите НА КЕМЖМ и претставници од локалните власти. Учесниците за запознаа со родовата (не)еднаквост, принципот на еднаквите можности на жените и мажите, запознавање со Законот за еднакви можност на жените и мажите, улогата и одговорностите на механизмите за родова еднаквот на локално ниво

Проектот е суб-грантиран во рамките на проектот “Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ имплементиран од страна на Фондацијата Kvinna till Kvinna и Организација на жените на општина Свети Николе, а финансиран од страна на Делегација на Европската унија.

 

Здружение „Женска акција“ Радовиш

 




 

 

 


 









 


 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза