ОДРЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР „ТРОФЕЈ ШАМПИОНИ“ ВО РАДОВИШ – 167 УЧЕСНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА И СТРАНСТВО

Меѓународниот турнир “Трофеј шампиони” се одржа под организација на БК Бучим во Радовиш каде настапија 167 борачи во машка и женска конкуренција, поделени во 26 категории од вкупно деветнаесет екипи од Македонија, Бугарија, Грција и Косово.

Нашиот борачки клуб може да се пофали со освоените 23 медали од кои 5 први места, 11 втори места и 7 трети места од овој меѓународен турнир во борење слободен стил за кадети и пионери – „Трофеј шампион боречки леѓенди 2019.“ кој се одржа на 14 декември во СРЦ „25 Мај“.

За најдобар борач на турнирот беше прогласен Мемет Усеинов (БК Бучим), најдобар техничар Михајло Илиев (БК Бучим) а за најдобар странски борач Александар Вукадин (Левски, Бугарија).

На турнирот учествуваа вкупно 167 борачи од Македонија, Бугарија, Грција и Косово.

 






 









 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза