ПЛАНИНА ПЛАЧКОВИЦА

Плачковица — средновисока планина во источниот дел на Република Македонија. Највисока точка е врвот Лисец со височина 1 754 м. Се издига помеѓу градот Радовиш и Струмичко-радовишката Котлина на југ и Кочанската Котлина на север, во правец северозапад-југоисток.

Постојат повеќе легенди за потеклото на името на планината Плачковица.

 

Прва легенда

Постојат две верзии на првата легенда во која се раскажува за Александар III Македонски и Филип II Македонски.

  • Прва верзија

Според првата верзија, кралот Александар III Македонски престојувал кај некој крал на Пајонија. Двајцата кралеви се состанале во Светиот Град, кој се наоѓал на платото од планината Плачковица. Во тој Свет Град Александар и неговиот домаќин Липиј разговарале како да продолжат добрите односи меѓу тие два народа во добро и во лошо. Се договориле да си помагаат во сите нешта кои се од доменот на државните односи. По таквата спогодба и разбирање, на радоста ѝ немало крај, а таа се пренела и во народот, така што поединци почнале како и кралот да плачат и да ронат солзи радосници. Врз основа на оваа случка (и поради тоа што се излеале многу солзи) се формирал поток — рекичка, кој тогашните мештани го нарекле Плачковица, по што ѝ го промениле името и на планината во Плачковица, имиња кои останале до денес.

  •  Втора верзија

Според втората верзија, името на таа планина е променето по средбата на кралот Александар III Македонски и кралот на Пајонија — Лангар.

Средбата на двата крала била на планината во населеното место Свет Град. На неа Александар како македонски крал, и Лангар како крал на Пајонците, се договориле да се воспостават што подобри државни односи од оние меѓу татко му Филип II додека бил жив и кралот Лангар. Разбирањето за државните работи меѓу кралевите било на завидно ниво, по што на двајцата почнале да им течат солзи радосници, толку многу солзи што се формирал поток, кој месното население го нарекло Плачковица, бидејќи кралевите плачеле од радост.

Втора легенда

Според втората легенда, кралот Филип II го одвел својот син Александар на планината Плачковица, која пред тоа имала друго име, кај некоја жена која знаела да лекува за да го излекува од преголемото плачење кое го обземало. Таа жена живеела во градот на Плачковица кој се викал Свет Град.

Откако го донеле принцот Александар во придружба на татко му, кралот Филип II, и ѝ кажале на жената за што се работи, таа им одговорила дека детето е сосема здраво, а плаче затоа што во себе поседува преголема енергија и на тој начин мора да се ослободува од неа, при што им рекла да не се возбудуваат, треба да го остават на мира и дека наскоро, штом ќе почне да оди, ќе престане со плачењето и му предвидела дека ќе стане голем цар и ќе ја надмине славата на татко му. Кога ова го слушнал Филип II, кој бил во придружба на месниот крал Липиј, кој престојувал во Светиот Град на Плачковица, од радост се расплакал како и неговиот домаќин, и по нивното плачење името на планината ѝ го замениле со Плачковица.

Географија

Должината на главниот планински гребен изнесува 34 км.

Западниот дел е понизок со највисок врв Туртел (1.689 м), а источниот дел на Плачковица е повисок и на него се врвовите Лисец (1.754 м), Чупино (1.725 м), Бел Камен (1.707 м), Кара Тепе (1.625 м) и други.

Геолошкиот состав го чинат гранити (на исток), кристалести шкрилци, гнајсеви и тесен појас на мермери на запад. Релјефот е интересен, претставен со флувијални зарамнини (површи) во повисоките делови и страмни планински страни од раседен карактер.

Планината е расчленета со повеќе длабоки речни долини. Инаку реките кои се побројни и побогати со вода на северната страна, имаат длабоки долини и голем надолжен пад. ТВо мермерните карпи има и појава на пештери. Западните и југозападните падини се голи и развиена е ерозија, додека другите делови се под шума.

Клима

Климата на подрачјето од Плачковица е умерено-континентална, со одредено влијание на средоземна клима од јужен правец. Средногодишните температури се околу 10-12 степени Целзиусови. Врнежите се скромни и во просек годишно паѓаат околу 500 мм во пониските до 800 мм во повисоките делови.

На планината Плачковица се наоѓаат и прекрасни кањони кои се наоѓаат прекрасни природни убавини како реки, водопади, преслапи, високи карпи…

Од многуте убавини кои ги нуди планината Плачковица се и пештерите кои ги има повеќе, од кои пет се испитани и достапни за посетители.

Растителност

Планината Плачковица е богата со разновидна растителност (флора) и особено е богата со шуми. За богатата расителност со шуми на Плачковица, запишал и македонскиот револуционер Ѓорче Петров во книгата Материјали по изучувањето на Македонија, каде забележал дека општо земена Плачковица е сѐ уште покриена со гори, кои што и придаваат од даелку темен изглед.

Горите се состојат од бука, борика, ела, липа и разни диви овошја. На исток  таа е покриена со густи гори, а колку што одиш по на запад, толку тие стануваат поретки, додека најпосле во западниот крај таа сосема не оголи.

Забележително е тоа што, споредено со другите планини и шумски појаси по катови во Македонија, на Плачковица, густата букова шума започнува веднаш над 700 метри и воопшто изостанува дабот, што не е случај со другите планини каде по дабот, буката започнува над 1000 метри надморска височина.

 


 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза