СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЈУГОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

Вчера во општина Босилово се одржа XIV (четиринаесеттата) Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, на која присуствуваа градоначалниците на општините од регионот и Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Пред присутните градоначалници, Раководителот на Центарот Г-а Жулиета Ѓуркова имаше излагање во кое беа презентирани реализираните проекти од регионално и микрорегионално значење за Југоисточниот плански регион за периодот 2017-2019 година, а воедно се осврна и на проектите чија реализација е во тек.

За време на Седницата, Советот ја усвои Годишната листа на приоритетни проекти за 2020 година согласно следниот редослед:

1. Проект: Изградба на мост на река Турија, на локален пат Просениково – Сарај со вкупен буџет од 14.554.407,00 денари.
2. Проект: Изградба на локален пат од село Дамјан до село Погулево во должина од 1927,71 м, општина Радовиш со вкупен буџет од 16.169.776,00 денари.
3. Проект: Изградба на локален пат за поврзување на населените места Бориево и Колешино – прва фаза со вкупен буџет од 16.000.000,00 денари.

На резервна листа беше утврдена имплементација на втора фаза од проектот Изградба на локален пат за поврзување на населените места Бориево и Колешино.

Приоритетната листа се однесува за изведба на проекти кои ќе ја подобрат патната инфраструктура и ќе се овозможи поврзување на локални патишта во регионот преку средства од Бирото за рамномерен регионален развој и сопствено учество на општините од Југоисточниот регион.

Согласно утврдената листа, Центарот развој на Југоисточниот плански регион ќе аплицира до Бирото за регионален развој за нивно финансирање преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2020 година.

 




 


 









 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза