МИЈАЛОВ: „РК РАДОВИШ СО ЕДНА ОД НАЈУСПЕШНИТЕ НАТПРЕВАРУВАЧКИ ПОЛУСЕЗОНИ“

Интервју Љупче Мијалов, тренер на РК Радовиш

RadovisNews: Заврши есенскиот дел на првенството, РК Радовиш на петата позиција, и е пред прагот на Плеј-оф завршницата, како ја отценувате оваа полусезона?

Љупче Мијалов: Есенскиот дел од сезоната заврши ние се наоѓаме на 5-то место со досега најмногу освоени 22 бода до крајот остануваат уште 4 кола и се надеваме на добри резултати. Секогаш може повеке и подобро меѓутоа генерално сум задоволен досега има елементи каде треба да се работи и да ги поправиме и ке работиме на тоа.

RadovisNews: Имавте и одлична и лоша игра на моменти како екипа во есенскиот дел на првенството, што допринесе некои натпревари кои можеше да ги добие РК Радовиш не освоиме ниту бод?

Љупче Мијалов: Да за жал имаше натпревари каде немавме спортска срека каде во Бутел од Скопје промашивме шут за нерешено истотака во Радовиш со истата  екипа имавме водство од 2 гола на 1 мин и 30 секунди но за жал од наши грешки во последните напади заврши нерешено натпреварот така да треба да се поработи повеке на некои сегменти во играта.

RadovisNews: Пауза, или подготовки за престојниот дел од првенството. Какви се плановите?

Љупче Мијалов: Да сега сме на пауза, планирано е на 20.01.2020 год. да почнеме со подготовки за вториот дел од сезоната.

RadovisNews: Aмбициите за оваа сезона беа големи, освојување на место меѓу четирите екипи во Супер ракометата лига, дали РК Радовиш има сеуште реални шанси за пласман во Плеј-оф завршницата?

Љупче Мијалов: Целта за оваа сезона е да бидеме на што повисоко место на табелата и секако доколку имаме шанса за пласман во првата четворка да ја искористеме. Засега имаме уште шанса но за жал не зависи само од нас зависи и од другите екипи така да се додека постои шанса ке се бориме докрај. Остануваат уште 4 кола до регуларниот дел од сезоната та да се можно.

 

RadovisNews: Условите во спортската сала – имајки предвид дека до пролетниот дел температурите се ниски и нема греење во СРЦ „25 мај“, како ќе се одвиваат тренинзите?

Љупче Мијалов: Стартот за подготовките е закажан за 21.01 знаеме дека во салата ги немаме идеалните услови но се ке зависи од времето доколку е многу постудено од сега ке се бара некое друго решение во некои од училишните спортски сали. Но се надевам дека ке се реши се со греењето и со други работи бидејки веке спортската сала е под сопственост на општина Радовиш.

RadovisNews: Успесите на пионерските и младинските категории се видливи. Дали РК Радовиш како ракометен клуб има иднина и нови млади имиња кои ќе бидат дел од првиот тим на РК Радовиш?

Љупче Мијалов: Да секако без млади ракометари се ке е залудно тоа што го работиме. РК. Радовиш има пионери, кадети и младинци кои се натпреваруваат во соодветната лига и бележат добри резултати пионери-1 место. Кадети 2-место и од скоро има и помала категорија кои се вклучени во тренажен процес но не се натпреваруваат така да слободно можам да кажам дека Радовиш има ракометна иднина. За вториот дел од сезоната ке бидат вклучени уште најмалку 4.5 млади перспективи играчи во првиот тим и ке добијат шанса за игра.

RadovisNews: За крај, Радовишани го сакаат спортот и ракометот, што би им порачале на нашите верни навивачи?

Љупче Мијалов: Да доаѓаат на нашите натпревари во што поголем број, да не бодрат и да уживаат на секој натпревар.

 

Интервјуто го реализираше редакцијата на порталот RadovisNews.

 




 

 

 


 









 


 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза