„ЗА СВЕТ СО ЕДНАКВОСТ ЗА СИТЕ ЗА НАСМЕВКА НА СЕКОЕ ДЕТСКО ЛИЦЕ“ – Хуманитарна новогодишна работилница

Под мотото: „За свет со еднаквост за сите за насмевка на секое детско лице“ денес во просториите на Здружението„ Невена за тебе, за мене, за нас“ се одржа новогодишна работилница, на која учествуваа членовите на ДК „Невена“ и децата со пречки во развојот.

Работилницата се одржа под менторство на наставничката Јасмина Петрова, а имаше за цел дружба помеѓу децата, давање можност за искажување на талентот кај сите деца.

Исто така оваа работилница имаше и хумана димензија, каде што фигурките ќе бидат продадени, собраните средства ќе бидат наменети за лекувањето на малиот Андреј Даов.

Покрај денешната работилница Здружението„Невена“ на 25-12,во 19 часот ќе организираат и хуманитарна театарска претстава со скромна сума на влез од 50 денари.

Собраните средства ќе бидат исто наменети за Андреј.

ДК„Невена“

 






 








 


 

 

Related Articles

Временска прогноза