ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА “ПРАВИЛНО КОРИСТЕЊЕ НА МЕРКИТЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕ, САМОВРАБОТУВАЊЕ И МАЛИ БИЗНИСИ”

Вчера во Радовиш се одржа Работилница “Правилно користење на мерките во земјоделие, самовработување и мали бизниси” во организација на Канцеларијата за контакт со граѓани – Радовиш, односно пратеничката канцеларија на пратеник Милевка Ѓоргиева и асистент во ПМКГ, Александар Ванев.

Оваа Работилница во целост беше поддржана од мисијата на ОБСЕ во Скопје, кој покрај оваа Работилница, поддржаа уште 5 вакви иницијативи, во секоја изборна едница по една.

На Работилницата во Радовиш, која беше избрана за изборна едница четири, свое обраќање имаше Александар Ванев, асистент во Парламентарната мрежа за комуникација со граѓани, кој беше модератор на истата, пратеничката во Собранието, Милевка Ѓоргиева која се обрати во делот на законската регулатива и мерки за земјоделците, младите и малите бизниси, како и соработката на ресорното министерство, Владата и Собранието.

Офелија Илиева како Раководител на Агенцијата за вработување се обрати во делот на мерките за самовработување и мали бизниси, додека Стојан Ангелов Раководител во ПЕ на МЗШВ – Радовиш се обрати на Работилницата за мерките во земјоделието. Соработката и поддршката на мисијата на ОБСЕ во Скопје со Канцеларијата за комуникација со граѓани од Радовиш продолжува и во иднина.

Од организаторите истакнуваат благодарност на сите кои беа дел од Работилницата, надевајки се дека интересот кон мерките кои ги презентираа ќе биде зголемен.

Исто така, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот Канцеларијата е отворена за контакт со граѓани, и сме отворени за секаква соработка”, истакнаа од Канцеларијата за контакт со граѓани – Радовиш




 


 









 

 

Related Articles

Временска прогноза