ПРЕДНОВОГОДИШНА ПОСЕТА НА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ПРИ ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ

Пред новогодишната ноќ, Градончалникот Конзулов денес го посети Здравствениот дом и службата за Итна медицинска помош.

Тој беше информиран за функционирањето на службата за време на празничните денови и подготовките кои се направени во пресрет на новогодишната ноќ.
Традиционално службите кои се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните за време на новогодишните празници добиваат подароци од Општината. За подобрување на условите за вработените во Здравствениот дом, градоначалникот подари клима уред.

 

Исто така Градоначалникот Конзулов ги посети и на нивното предновогодишно дружење членовите на Здружението на пензионерите на Радовиш и Конче, посакувајки им среќна и бериќетна Нова година.


 



 

 

 


 









 


 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза