СВЕЧЕНО ОТВАРАЊЕ НА „НОВОГОДИШНИОТ САЕМ НА КНИГА 2019“

Вчера со свеченото отварање започна најпосетениот културен настан во градот „Новогодишниот саем на книга 2019“ кој ќе трае до петок (20.12.2019) година. Пред присутните се обрати директорот на Библиотеката Иванка Соколова а саемот за отворен го прогласи секретарот на општина Радовиш Драги Стојанов.
 
Библиотеката „Браќа Миладиновци“ од Радовиш за љубителите на пишаниот збор и сограѓаните, оваа манифестација ја организира по дванаесетти пат и има за цел да ја доближи книгата до читателите особено до најмладата популација.
Годинашниот саем на книга претставува проекција на најновите творечки остварувања и во наредните денови библиотеката ќе биде место каде што нашите сограѓани ќе имаат можност да трагаат по смислата и предизвиците што ги нуди пишаниот збор.
 
На саемот на книгата учествуваат неколку издавачки куќи меѓу кои: Издавачки центар ТРИ, Просветно дело, Култура, Сакам Книги, Топер, Антолог, Наша култура, Матица Македонска и Феникс.
Сите учесници на саемот нудат богат избор на книги и стручна литература, кои на читателите ќе им понудат повеќе 1000 наслови од својата програма, што претставува одлична можност за посетителите да ја збогатат својата домашна библиотека по пристапни и намалени цени.
 
На најмладите читатели низ интерактивно дружење им беа презентирани книгите: Календар на детството од Киро Донев и Детето со ѕвезда на челото – збирка македонски народни приказни приредени од Ана Витанова Рингачева. За важноста на книгата и развивањето на љубовта на децата кон читањето зборуваше Ксенија Трајчева претставник од издавачката куќа „Просветно дело“.

Related Articles

Временска прогноза