ЦЕЛОВЕЧЕРНА ПРОГРАМАТА ПОД МОТОТО „ ПОД ОВА НЕБО СЕКОЈА ЅВЕЗДА СВОЈА СВЕТЛИНА ИМА“

Вчера во Центарот за култура „Ацо Караманов“, Здружението на граѓани„ Невена за тебе, за мене,за нас“ ја организираше својата целовечерна програма со која ги заокружи своите активности за 2019 година.

Програмата течеше под мотото „ Под ова небо секоја ѕвезда своја светлина има“.

Програмата имаше за цел две функции: Првата да покаже дека секое дете е посебно, благородно и уникатно, втората цел беше од хуман карактер.

Имено собраните средства од продажбата на билетите и од изложбата на новогодишните фигури, Здружението „Невена“ ги отстапи за лекувањето на Андреј Даов.

Здружението „ Невена“ и семејството на Андреј неизмерно им благодарат на сите присутни на претставата.

Заеднички покажавме дека можеме да создадеме – Свет со еднаквост за сите за насмевка на секое детско лице.




 

 

 


 









 


 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза