На 29.12.2019 во 04.00 часот во СВР Струмица, лице вработено во казино во Радовиш пријавил дека околу 03.55 часот по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица од Радовиш и Раклиш.
Од СВР Струмица истакнаа дека се превземени мерки за расчистување на случајот.
Информираат од МВР.