МЕМОРИЈАЛОТ „4 AЛПИНИСТИ“ НА СОЛУНСКА ГЛАВА, СО УЧЕСТВО НА ДВАЈЦА ЧЛЕНОВИ ОД АК „ПЛОЧА“

Овој меморијал се одржува по 21 пат посветен на трагичното загинување на четирите алпинисти од Скопје кои беа затрупани од лавина во месноста Горна Бабина Дупка во 1998 година.

Два члена од АК Плоча земаа учество на овој собир каде главна цел беше посета на местото каде што загинале алпинистите и искачување на врвот Солунска глава поточно продолжување на нивната тогашна крајна цел која не ја достигнале, за ние денес да ги изодиме нивните стапки.

Временските услови на планината во почетокот беа со облаци покасно заврна дожд и како се движевме се повисоко во планината дождот поминуваше во снег за на врвот да стане и урагантен силен ветер со ниски температури. Само најупорните и најспремните го достигнаа врвот Солунска Глава поради екстремните услови ко владееа на планината.

По завршувањето на планинарската акција во Планинарскиот дом следуваше планинарско гравче презентација на филмот за загинатите, како и доделување на награди на најдобри алпинисти зa 2019 година каде што наврската помеѓу Зоран Мајсторски и Надир Мурсели беше прогласена за најдобра во Македонија.

Извор: АК Плоча, Радовиш




 


 









 

 

Related Articles

Временска прогноза