3-ТИ ДЕКЕМВРИ, МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ И ХЕНДИКЕП

Знаеме дека секогаш постојат проблеми и предизвици со кои се соочуваат овие лица – тие се системски и долготрајни и бараат мобилизираност на сите чинители во општеството.

Отстранување на сите видови бариери, инклузивност во образованието, развој и поголема достапност на нови сервиси за поддршка, подигнување на капацитетот на сите институции и поголема вклученост во општеството на овие лица се целите со кои треба да се справуваме во иднина, а со еднствена цел и овие лица да не бидат запоставени и заборавени од општеството.

По повод 3-ти декември-„Меѓународниот ден на лицата со попреченост“ и „Лицата со хендикеп“ денес Дневниот центар „Порака“ имаше прием на гости и помагатели на овој Дневен центар.

Во име на Дневниот центар „Порака“ на Општина Радовиш и Градоначалникот Герасим Конзулов му беше изразена благодарност за досегашната успешна соработка и разбирање на нивните потреби, благодарност од „Порака“ искажаа и до голем број на нивни помагатели од општина Радовиш.

Денес исто така на една скромна свеченост Здружението на Инвалиди на трудот го одбележа денешниот ден „3-ти декември“.

 




 


 


 



Related Articles

Временска прогноза