32 БОРАЧИ НА ПРВИОТ ТРЕНИНГ ВО КОНЧЕ

Во интерес на спортот и младите да се занимаваат со спорт, Борачкиот клуб Бучим шампиони започна со тренинзи во општина Конче.

На првиот тренинг кој се одржа во општинската сала интересот од страна на дечињата беше голем, да се надеваме дека Македонското борење ќе добие нови таленирани борачи од овој крај, кој ќе ја претставуваат општина Конче и Македонија на големите натпреварувања.

Со овие дечиња ќе работат тренерите Танчев и Ангелов, а опфаќат 32 дечиња од Конче, во следниот период се најавени и дечиња од населените места Дедино, Габревци, Ракитец и Липовиќ.






 









 

 

Related Articles

Временска прогноза