ДОНЕСЕН БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ ЗА 2020 ГОДИНА.

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ ДЕНЕС ЈА ОДРЖА ПОСЛЕДНАТА СЕДНИЦА ЗА ОВАА 2019 ГОДИНА.

На оваа седница се работеше со дневен ред од 66 точки, каде што советниците имаа можност да разгледувааат и усвојат голем број на Предлог-одлуки, предлог-програми за 2020 година.

Исто така беа донесени и одлуки за вклопување на урбанистичките плански документации на објекти во повеќе населени места. Советниците разгледаа и усвоија оперативни планови за 2020 година, и одлуки за финснсирање и кофинансирање на проекти важни за спроведување на инфраструктурни проекти во општината.

На крај советниците од Советот на општина Радовиш го донесоа Буџетот за 2020 година.

Градоначалникот Конузулов од име на општина Радовиш им се заблагодари за довербата која ја дадоа и изгласувањето на буџетот со кој како што истакна ќе се реализираат голем број на проекти кои се од витално значање за општината и граѓаните на општина Радовиш.

Градоначалникот Конзулов и Претседателот на Советот Чаракчиев им посакаа среќни празници и успешна 2020 година на сите граѓани на општина Радовиш.

 




 

 

 


 









 


 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза