НА МАГИСТРАЛНИОТ ПАТ СТРУМИЦА-РАДОВИШ, НЕСРЕЌА НА АВТОМОБИЛ УПРАВУВАН ОД 16-ГОДИШНИК

Петмина беа тешко повредени во сообраќајната несреќа која се случила на 30.12.2019 околу 17.40 часот  на магистралниот пат Струмица – Радовиш, информираше МВР.

Повредените луѓе се од Струмица, а несреќата се случила кога автомобил „пежо“, управувано од 16-годишник од Струмица, излетал од патот.

Во незгодата сопатниците А.О.(20) и 13-годишен малолетник, двајцата од Струмица, се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот и уште двајца малолетни сопатници, на возраст од 14 и 15 години, двајцата од Струмица, се здобиле со телесни повреди.

Тие биле пренесени во Клинички центар Штип за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Радовиш.

Информираа од МВР


 



 

 

 


 









 


 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза